28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна просечна цена на струјата во Европа од 398 евра за MWh

Рекордна просечна цена на струјата во Европа од 398 евра за MWh

Просечната цена на електричната енергија на европските енергетски берзи денеска нагло порасна на рекордни 398,17 евра за мегават-час (MWh).

Ова го покажуваат податоците на платформата „Energylive.cloud“, цитирани од „BNR“.

За наглото поскапување на енергенсите придонесуваат силниот пораст на цените на енергенсите за близу 8% и постојаното заладување на стариот континент, кое најверојатно ќе продолжи барем до крајот на декември.

Цената на гасот во Европа во понеделникот порасна за повеќе од 7 отсто и на почетокот на вчерашната трговија надмина 1.700 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза „ICE“.

Цената на јануарските фјучерси на холандскиот гасен центар „TTF“ надмина 1.730 долари за 1.000 кубни метри или 148,87 евра за мегават час, приближувајќи се на рекордното ниво на цена од околу 155 евра за мегават час, постигнато во октомври.

Новото поскапување на гасот се должи на информациите дека руските испораки на Германија преку гасоводот „Јамал-Европа“ се на многу ниски нивоа, покажуваат податоците на германскиот мрежен оператор „Gascade“. Намаленото снабдување со гас е факт откако „Газпром“ во петокот почна да ја полни втората линија од гасоводот „Северен тек 2“, со што се зголеми загриженоста за европските испораки на краток рок.

„Повторениот пад на протокот кон северозападна Европа преку еден од трите главни гасоводи се совпаѓа и со почетокот на полнењето на линијата 2 на „Северен тек 2“ и со невообичаено студеното време во Русија“, велат аналитичарите на „ICIS“.

Ова предизвикува дополнително поскапување на струјата во Европа, бидејќи во сегментот „Ден пред“ со испорака во вторник (21-ви декември) највисоките цени на струјата се забележани во Франција (од 442,88 евра за MWh), а потоа во Австрија (434,34 евра), Белгија (432,99 евра), Германија (431,98 евра) и Холандија (429,84 евра). Цената надмина 400 евра за MWh на 11 европски енергетски берзи, а само 7 се под ова ниво. Најниски цени на струјата се во Шпанија и Португалија (327,38 евра за мегават час), потоа Грција (342,35 евра), Бугарија (342,37 евра) и Полска (344,56 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП