2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на горивата оваа недела останува иста

Цената на горивата оваа недела останува иста

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) не се менуваат, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,189 денари/килограм и сега ќе изнесува 39,864 денари/кг.

Од 21.12.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 73,00 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 75,00 (денари/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 64,50 (денари/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 64,00 (денари/литар)

– мазут М-1 НС – 39,864 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот од 0,171 %, кај дизелот има намалување од 0,742 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 0,223 % и кај мазутот намалувањето е 0,487 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП