6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзербејџан ќе го зголеми извозот на гас во Европа

Азербејџан ќе го зголеми извозот на гас во Европа

Азербејџан е подготвен, доколку е потребно, да го зголеми извозот на гас во европските земји, изјави претседателот Илхам Алиев во интервју за италијанскиот весник „Il Sole 24 Ore“, цитиран од други медиуми.

„Постои можност за зголемување на производството и извозот, но тоа ќе зависи од побарувачката на европските потрошувачи“, рече тој.

Алиев потсети дека оваа година Азербејџан веќе има извезено над 7 милијарди кубни метри во Европската унија. Во 2022-ра година планира да испорача 9 милијарди кубни метри, а во 2023-та година околу 11 милијарди кубни метри.

„За да се зголеми производството потребни се инвестиции, а за тоа се потребни договори. Значи, прво договори, па инвестиции, па гас. Но, ние сме подготвени. Имаме огромни наоѓалишта и модерна инфраструктура со можност за поврзување со други дестинации во Европа“, рече Алиев.

Азербејџан започна со испорака на гас за Европа на 31-ви декември 2020-та година преку Трансјадранскиот гасовод (ТАП), кој е составен дел на Јужниот гасен коридор (SGC). Испораките, проценети за 25 години, предвидуваат годишен извоз на над 10 милијарди кубни метри азербејџански гас на европскиот пазар, од кои 8 милијарди кубни метри ќе добие Италија, 1 милијарда кубни метри Грција и Бугарија. Јужниот гасен коридор, кој се протега на 3.500 километри од Баку до јужна Италија преку Грузија, Турција, Грција и Албанија, е интегриран гасоводен систем кој ги вклучува и Јужнокавкаскиот и Трансанадолскиот гасовод. Капацитетот е 16 милијарди кубни метри гас. Како главен извор на суровини се смета наоѓалиштето Шах Дениз со резерви од 1,2 трилиони кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП