19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск откри колку данок ќе плати

Маск откри колку данок ќе плати

Главниот извршен директор на Тесла, Илон Маск, најави дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари даноци за 2021 година.

Најбогатиот човек на светот, чија компанија „Тесла“ вреди околу 1.000 милијарди долари, во последните два месеци продаде дел од акциите кои ги поседува кај тој производител на електрични автомобили за речиси 14 милијарди долари, потсетува Ројтерс.

“За оние кои се прашуваат, ќе платам повеќе од 11 милијарди даноци оваа година“, напиша Маск на Твитер.

Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен, позната по тоа што се залага за поголемо оданочување на богатите, минатата недела на Твитер објави дека Маск треба да плаќа даноци и на тој начин да го отстрани тој товар од сите други, откако магазинот Тајм го прогласи за личност на годината.

Маск одговори со твит дека ќе плати повисок данок оваа година од кој било Американец во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП