19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVirgin Atlantic – компанија која ви нуди забава високо во облаците

Virgin Atlantic – компанија која ви нуди забава високо во облаците

vir1

Virgin Atlantic е една од многуте авиокомпании кои се познати по своите откачени идеи со кои ги импресионираат своите патници…

vir2

Оваа авиокомпанија навистина ви дава причина повеќе да ги користите нејзините услуги при вашето патување.

Таа е многу популарна меѓу патниците, благодарение на специфичните услуги кои им ги овозможува. Во нејзината програма се додадени повеќе нови начини на патување и прославување истовремено, како што е Кралската венчавка, летните забави високо во облаците…. а тука нормално е и врвната услуга, специјалните подароци за патниците и приватните катчиња за вистинско уживање.

vir3

Нивната најнова понуда е многу возбудлива и неконвенционална, а тоа е специфичната забава која можат да ја искусат патниците на линијата Единбург-Манчестер.

vir4

Патниците можат да уживаат во летот со помош на летните забави кои се одржуваат во овој авион, да уживаат со музичките настапи во живо и уште во многу други посластици.

vir5

Оваа нивна услуга е наречена „Little Red Live“. Талентираните изведувачи ќе се потрудат вашиот лет да биде незборавен. Сите настапи претходно се најавени преку социјалните мрежи, но не и сите детали, бидејќи оваа компанија е „мајстор“ за изненадувањата кои им ги приредува на своите патници.

vir6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП