23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпаѓа и норвешката економија

Опаѓа и норвешката економија

norveshka2

Норвешка, најголемиот производител на нафта и гас во Европа се бори да ја стимулира побарувачката во време кога остатокот од Европа се опоравува од долгорочните економски проблеми.

Најголемата норвешка банка ДНБ АСА наведува дека оваа земја ќе биде единствената од 15-те европски земји, кои ги анализирала, во која економскиот раст нема да забрза во идната година, наведува агенцијата Блумберг.

Најголемиот „тег“ што го сопира економскиот раст се потрошувачите, кои се двоумат да трошат поради се поголемите долгови на домаќинствата. Норвешка, која беше сигурно прибежиште за време на должничките проблеми во Европа, не успева да го одржи чекорот со заздравувањето на другите развиени пазари.

Оваа економија, чија вредност се проценува на 480 милијарди евра, се зголеми за само 0,2 проценти во вториот квартал, што е помалку од една третина на темпото што го очекувале економистите-учесници во анкетата на Блумберг.

„Растот во 2013 година би можел да потфрли во однос на очекувањата. Сеуште е рано да се изнесуваат проценки“, изјави вчера министерот за финансии на Норвешка, Сигбјорн Јонсен.

„За да напредува економскиот раст на Норвешка, фискалната потрошувачка треба да се фокусира на инвестициите кои го поттикнуваат растот“, изјави портпаролот на норвешката опозициска Конзервативна партија, Јан Торе Санер, наведувајќи дека приоритети за неговата партија се образованието, истражувањето, инфраструктурата и даночните олеснувања.

ДНБ проценува дека економскиот раст во оваа година ќе забави на два од 3,4 проценти во 2012-та, а темпото на растот нема да забрза до 2016-та година, кога би требало да достигне 2,1 проценти.

„Бавниот економски раст ќе доведе до зголемување на невработеноста и бавен раст на платите, додека цените на недвижнините веќе се во пад“, наведуваат економистите од ДНБ, кои прогнозираат дека поголем пад на цената на недвижнините ќе биде избегнат поради стагнацијата на изградбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП