26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален извозот на нафта од Русија

Намален извозот на нафта од Русија

rusijanafta1

Извозот на нафта од Русија во првиот квартал од оваа година се намали за 2,5 проценти во однос на истиот период минатата година, тој изнесува 97,5 милиони тони.

Само во јуни, според податоците на државната статистичка служба Рос стат, извозот е намален за 5,4 проценти, на 18,2 милиони тони, пренесува агенцијата Франс прес.

Во првите шест месеци биле произведени 258,2 милиони тони нафта, што е за 0,7 проценти повеќе од периодот јануари-јуни во 2012 година.

Производството во јуни е зголемено за 2,1 проценти на годишно ниво, на 43,1 милиони тони, но во однос на мај тоа е помалку за 2,7 проценти.

За првите шест месеци од оваа година преработени се 135,2 милиони тони нафта, што е за 2,3 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Уделот на нафтата во вкупниот обем на рускиот извоз во првата половина од оваа година изнесуваше 33,1 проценти, а во извозот на гориво и енергетика 46,4 проценти. Во првите шест месеци од 2012 година тоа беше 35,1 проценти, односно 49,4 проценти.

Во јуни оваа година просечната извозна цена на нафтата беше 695,5 долари за еден тон. Цената на нафтата „уралс“ на светскиот пазар беше 750,8 долари за тон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП