2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовогодишна честитка од „Mercedes-Benz“, концептот „EQXX“ (ФОТО)

Новогодишна честитка од „Mercedes-Benz“, концептот „EQXX“ (ФОТО)

Информациите за стратешкиот проект „EQXX“ доаѓаат буквално капка по капка. Минатата есен, „Mercedes-Benz“ вети револуционерен електричен автомобил кој ќе помине 1.200 километри со едно полнење, а ова лето ги претставија своите планови за електрификација и поставија цели за „EQXX“.

Сега „Daimler Group“ објави нов тизер на концептот и го одреди датумот на неговата премиера – 3 јануари 2022-ра година за време на „CES Consumer Electronics Show“ во Лас Вегас. Во соопштението се додава дека „ова е најефикасниот „Mercedes-Benz“ некогаш создаден“, наведувајќи ги трите главни цели.

Прво, километражата ќе биде нешто помала од претходно најавеното, но повторно ќе биде четирицифрена – 1000 km. Второ, потрошувачката на енергија ќе биде под 10 kW/h на 100 km. И трето – батеријата ќе има 20% поголем капацитет од серискиот „EQS“. Експертите веднаш пресметале дека тоа значи домет од 1.080 km, постигнат со батерија со капацитет од 108 kW/h, која по големина и тежина ќе биде идентична со онаа на помалата батерија со 90 kW/h поставена на „EQS“.

Најважно, сепак, како ќе се постигне оваа ефикасност? Од тизерот е јасно дека главниот клуч е во аеродинамиката. Силуетата со хаубата поместена напред и долгата опашка на задниот дел е подредена на целта да се намали аеродинамичниот отпор.

Слична задача беше најавена во 2015-та година од друг концептен автомобил – „Mercedes Vision IAA“ (Intelligent Aerodynamic Automobile), кој беше претставен како „автомобил со интелигентна аеродинамика“. При 80 km/h ја менуваше конфигурацијата на предниот браник, како и на задниот, при што „Mercedes“ објави дека „IAA“ поставува светски рекорд за најнизок коефициент на отпор од 0,19.

Сепак, тоа не беше точно, бидејќи „Volkswagen“ веќе го создаде својот „XL1“ со фактор 0,189. Во денешно време серискиот „EQS“ достигнува 0,20, што значи дека со „EQXX“ целта е уште поголема. Не е случајно што развојот на моделот го вклучува одделот „Formula 1“ за погонски агрегати со високи перформанси на „Mercedes-Benz F1“, кој има огромно искуство во создавање електрични погонски системи за тркачки автомобили.

Покрај пробивот во енергетската ефикасност, „EQXX“ ветува и иновации во намалувањето на тежината на електричниот автомобил и во употребата на еколошки материјали. И покрај статусот на концепт автомобил, „Mercedes“ ја навестува можноста овој модел да биде сериски, која не е лишена од логика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП