29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск тврди дека ќе плати повеќе даноци од било кој Американец во...

Маск тврди дека ќе плати повеќе даноци од било кој Американец во историјата

„Доколку ги отворите очите на две секунди, ќе сфатите дека оваа година ќе платам повеќе даноци од кој било Американец во историјата“, напиша на Твитер директорот на Тесла, Илон Маск како одговор на демократската сенаторка Елизабет Ворен, која се залага за данок на богатството.

„Да го промениме утврдениот даночен закон, така што „Личноста на годината“ всушност ќе плаќа даноци“, напиша Ворен на Твитер.

Наводите дека Маск не плаќа многу даноци не се неосновани. Истрагата на ProPublica од 2018 година откри дека Маск, во тоа време вториот најбогат човек во светот, не платил ништо во федералниот данок на доход таа година. Платил помалку од 70.000 долари данок во 2015 и 2017 година. Извршниот директор на SpaceX и Tesla сега е најбогатиот човек во светот со нето богатство од 251 милијарда долари, според индексот на милијардери на Блумберг. Моментално не зема плата, туку поседува само акции.

Маск продаде голем број акции на Tesla откако минатиот месец објави на Twitter дека ќе се ослободи од 10% од акциите.

Од октомври, тој продаде скоро 13 милијарди долари акции на Tesla кои ќе бидат оданочени. Маск ќе мора да плати најмалку 7,6 милијарди долари даноци за 2021 година, според Си-Ен-Ен. Таа бројка може да достигне 15 милијарди долари, во зависност од тоа колку акции ќе продаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП