25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрузија, Бугарија и Гибралтар – противници на Македонија во Лигата на нациите

Грузија, Бугарија и Гибралтар – противници на Македонија во Лигата на нациите

Предмалку во Нион се одржа жрепката за третото издание на УЕФА Лигата на нациите. 55 членки на европската фудбалска заедница беа поделени во четири лиги и ги дознаа своите противници во групната фаза.

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во Лига Ц, група 4, заедно со селекциите на Грузија, Гибралтар и Бугарија.

Ц-ДИВИЗИЈА

ГРУПА Ц1: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски Острови

ГРУПА Ц2: С. Ирска, Грција, Косово, Кипар/Естонија

ГРУПА Ц3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан/Молдавија

ГРУПА Ц4: Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Гибралтар

Репрезентациите ќе играат со сите противници од групата на домашен и гостински терен во јуни и во септември в година. Четири од шесте натпревари ќе бидат во јуни поради зимскиот распоред на Светското првенство во фудбал во Катар.

Четири од шесте кола ќе се играат од 2 до 14 јуни в година, првите две рунди во периодот од 2 до 8, третото и четвртото коло од 8 до 14 јуни, а завршните два меча од групната фаза ќе се играат во периодот од 22 до 27 септември.

Победниците од групите одат во Б-дивизијата за четвртата сезона во Лигата на нациите, а последнопласираните ќе играат плејаут-баражи во март 2024 година и два поразени тима ќе испаднат во Д-дивизијата.

Четирите победници на групите во Лигата А ќе се пласираат во нокаут-финалето во јуни 2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП