1 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа за EUR/USD 23.08.2013

Техничка анализа за EUR/USD 23.08.2013

Валутниот пар EUR/USD втор ден после објавата на ФЕД во средата, забележа пад достигнувајки до најниска цена од 1,3298.

Но, дали е тоа почеток на нов надолен тренд или само корекција како резултат на моменталните податоци на Федералните Резерви на САД ?

Техничките нивоа ни укажуваат дека цената на EUR/USD сеуште се наоѓа во нагорниот канал и при два обида да се пробие каналот наидува на јака поддршка или зголемен обем на купувачи на 1,3320 при што не треба да се изненадиме доколку денес повторно EUR/USD да се врати во нагорниот тренд и да се искачи на највисокото ниво на цена од 1,3450 и повисоко.

Доколку цената продолжи да паѓа и го пробие нагорниот канал, испод фибоначи нивото 61,8%, најверојатно ќе се спушти до наредното ниво 78,6% или на цена од 1,3240 или подолу.

eurusdh4_23_08

Среќно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП