17 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИ Златото - богатство за долгорочните инвеститори и трговци

Златото – богатство за долгорочните инвеститори и трговци

Денес ви презентираме глобална техничка анализа низ сите години за Златото.

Тргувањето со Злато е вистински рај за инвеститорите кои го купуваат и продаваат на долгорочен период. Цената на Златото низ годините се движи просто праволиниски со долгорочни трендови или само во нагорна линија (претходните 13 години) или само во надолна линија (нешто ново за сите нас оваа година).

Сумите кои можат да се заработат со тргување на златото се неизмерно огромни поради фактот дека самата цена на златото доживеа вистинска еволуција од кога се тргува на берзите, како на графичкиот приказ може да забележите дека од 2000-тата година и наназад изнесуваше само 250 долари по унца, за во рок од 13 години да достигне неверојатни 1920 долари по унца или околу 700%. Неверојатно но вистинито е дека доколку инвеститорите го тргувале златото на Форекс пазарот купувајки го на цена од 250 долари по унца и го продале да речеме на 1900 долари по унца, со помош на кредитната потпора која ја нудат Форекс Брокерите, со трговски обем од 1 лот, би заработиле ни помалку ни повеќе него 165,000.00 долари… да навистина!

Повеќето инвеститори се надеваа дека оваа година цената на златото ќе достигне и до 2000 долари по унца како една психолошка граница, но напротив не ја достигна посакуваната цена, и трендот на златото поради неодамнешните случувања во Кипар буквално им го сврти грбот на упорните купувачи, но затоа наиде на голем бран инвеститори кои го продадоа навремено на цена околу 1800 долари по унца и веруваме дека некои од нив сеуште се држат на нивните продажни позиции очекувајќи пад и испод 1000 долари по унца.. Па да и тоа е многу веројатно дека ке се случи со оглед дека трендовите на златото траат подолго време во една насока, а уште поголем и неблагодарен факт е тоа што толпата која ги пратат наивно шпекулаторите на пазарот е убедена дека цената на златото не е верно сеуште да паѓа, па со таа наума лакомо го купуваат и само им сервираат подобра цена на вистинските “Бикови” или институционалните трговци кои секогаш се моќни и спремни да го продадат со значително поголеми обеми.

На графичкиот приказ кој е составен јапонски свеќи на месечни нивоа и од периодичните сепаратори кои секој сочинува една година (испрекинатите вертикални линии) може да забележите како цената на злато се движи само во еден правец , или нагоре долгорочно или само надолу како што е моментално, со огромни разлики на цената на дневна или неделна основа, а со помош на неверојатните магнетни нивоа на Фибоначи Ретрејсмент алатката цената на златото се магично пронајдува отпори или поддршки на самите нивоа. Како највлијателни нивоа ги одбираме 23,6%, 38,2%, 50%, и 61,8% , така да може да зеприметете како цената на златото достигнувајки го нивото од 38,2% се одбива и започнува со корекција или реверс со нагорен тренд, но само за пократок временски период (наша претпоставка). Веројатно цената на златото моментално наидува на голем отпор по кој би следело уште еден период на осиромашување на овој скапоцен метал и би забележала пад до следниот Фибоначи левел на 50% или до цената 1025 долари по унца.

Златото доколку физички се продава или купува се потребни огромни средства за инвеститорите да заработаат нешто позначителни профити, но затоа доколку се продава на Форекс Берзата, верувале или не , потребни се 1000 пати помали средтсва за да се заработи иста сума на заработка како на физичкиот пазар.

На пример ако ја земеме нашата анализа или прогноза како консултација за тргување на златото, доколку се продаде златото со големина од 1 лот(потребна Форекс Сметка од само 1000 долари) на моментална цена од 1376 долари по унца и го затвориме налогот или купиме на предвидената очекувана цена од 1025 долари по унца, заработката ќе изнесува околу 35,000.00(триесет и пет илјади) долари.

gold-all years1

 

Секогаш за вас,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП