Според податоците од анкетата која неодамна ја спроведе најголемата светска онлајн патничка агенција, работниците од Азија и понатаму имаат најмал број на денови за годишниот одмор.
На годишниот одмор најкратко уживаат Јапонците, од 13 дена кои им стојат на располагање, во просек користат по пет.
На Јужнокорејците им е малку подобро, на одмор поминуваат во просек по седум дена. Американците се, исто така, меѓу оние кои не се долго на годишен одмор, од можни 12 до 14 дена годишно, искористуваат 10 дена.
Канаѓаните и Австралијанците на годишен одмор поминуваат во просек по 13 дена. Канаѓаните имаат толку дена на располагање, додека пак, Австралијанците во просек не искористуваат пет дена.
Како и обично, на годишните одмори најмногу уживаат Европјаните, каде работниците, на платен одмор, можат да бидат до 30 дена.