6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот долг расте на рекордни 226 трилиони долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

Глобалниот долг расте на рекордни 226 трилиони долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

Глобалниот долг се искачи на рекордни 226 трилиони долари во минатата година, што предизвикува загриженост за неговата одржливост со зголемувањето на каматните стапки од страна на голем број централни банки, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цитиран од „Bloomberg“.

Побрзо од очекуваното зголемување на каматните стапки може да изврши притисок врз многу задолжените земји и да ги принуди владите и компаниите да ги намалат долговите и трошоците, што ќе му наштети на економскиот раст, предупредува ММФ во извештајот.

Глобалниот долг се зголеми за 28 процентни поени до 256 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП) во 2020-та година, што е најголем скок во една година од Втората светска војна, соопшти ММФ.

Како што растат каматните стапки, фискалната политика има тенденција да се прилагодува бидејќи владите трошат повеќе за сервисирање на долгот и ги намалуваат трошоците за да го задржат дефицитот под контрола.

„Ризиците ќе се зголемат доколку каматните стапки ширум светот се зголемат побрзо од очекуваното, а растот се забави“, напишаа претставниците на ММФ предводени од Витор Гаспар.

„Ако јавниот и приватниот сектор бидат принудени да го намалат својот долг во исто време, изгледите за раст ќе настрадаат“, додаваат тие.

Јавниот долг расте во развиените економии во текот на изминатата година бидејќи владите воведоа огромен фискален стимул за справување со пандемијата со Ковид-19. Според ММФ, износот на долгот во земјите во развој и земјите со ниски приходи расте поради значителниот пад на номиналниот БДП.

Државните заеми сочинуваат нешто повеќе од половина од растот на глобалниот долг во 2020-та година, при што глобалниот јавен долг скокна на рекордни 99 отсто од БДП-то, се вели во извештајот. Само Кина сочинуваше 26% од растот на глобалниот долг во минатата година.

Според ММФ, државниот долг во развиените економии се искачи на 124% од БДП-то во 2020-та година од само околу 70% во 2007-ма година. Приватниот долг во овие економии, од друга страна, се зголеми со поумерено темпо на 178% од 164% во текот на периодот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП