3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија сака да воведе комплетна контрола над интернетот

Русија сака да воведе комплетна контрола над интернетот

rusijakontrolain1

На службената страна на Министерството за врски и масовна комуникација на Руската Федерација се појави документ со кој се предлага одвојување на сите руски интернет провајдери на федерални и обични.

Со разработка на проектот „Тези и концепции за развој на мултисервисните комуникациски врски за општа употреба на Руската Федерација“ во Русија всушност сака да се воведе целосна контрола над интернетот, пишува Комсомолска правда.

Според овој документ, федералните провајдери ќе имаат целосен пристап до интернет сообраќајот, а обичните ќе може да се поврзат само на федералните.

Овој проект за сега останува само проект, но претставниците на руската интернет јавност веќе се изјаснија против него, истакнувајќи дека таквата шема во потполност ќе ги исклучи независните даватели на интернет услуги.

Како што пишува весникот, на 1-ви август во Русија стапи на сила анти-пиратскиот закон кој корисниците на „RuNet“ го прифатија негативно.

До 10-ти август во петиција против оваа иницијатива се собрани 100.000 потписи, што е доволна бројка оваа петиција да се разгледа во владата, но досега нема соодветна реакција од руските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП