2 јуни, 2024
ПочетнаКОРОНАОмикрон има 5 симптоми кои се разликуваат од делта - еден се...

Омикрон има 5 симптоми кои се разликуваат од делта – еден се манифестира само ноќе

Симптомите на омикрон варијантата на коронавирус се чини дека се разликуваат од претходните видови, сметаат лекарите и епидемиолозите.

Иако некои луѓе пријавуваат благи реакции на вирусот, многумина забележале дека тие не се исти како соевите Алфа, Бета и Делта.

Во Обединетото Кралство во последните 24 часа се пријавени 54.661 нови случаи на Ковид, а 38 лица починале откако биле заразени со вирусот. Зголемената загриженост за омикрон варијантата доведе до шпекулации за нови ограничувања за да се спречи доминацијата на новата линија, пренесува Mirror.

Се наведува дека секој ги има овие три традиционални симптоми како што се: висока температура, континуирана кашлица, губење или промена на сетилото за мирис или вкус.

Но, раните извештаи покажуваат дека омикрон има пет различни симптоми, како што се:

  • Гребење на грлото (за разлика од воспаление на грлото)
  • Сува кашлица
  • Екстремен замор
  • Блага мускулна болка
  • Ноќно потење

Ноќното потење беше издвоено како различен симптом

Д-р Анџелик Кучи, претседателка на Јужноафриканската медицинска асоцијација и една од првите кои се посомневаа во сојот омикрон, рече дека забележала пациенти во нејзината приватна клиника кои покажуваат симптоми различни од делта варијантата.

Д-р Кучи рече дека ги предупредила здравствените власти за „клиничката слика која не одговара на делта“ на 18 ноември, кога седум пациенти покажале различни симптоми кои изгледале „многу поврзани со нормалната вирусна инфекција“.

Таа рече дека нејзините пациенти имале симптоми на екстремен замор, блага мускулна болка, гребење на грлото и сува кашлица.

За разлика од претходните варијанти, додаде таа, оваа не предизвикува губење на вкусот и мирисот.

Ноќно потење – тоа е кога се потите толку многу што ноќната облека и постелнината ви се влажни – забележале лекарите во Јужна Африка, каде за прв пат е откриена оваа варијанта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП