25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКристијан Стаменов нов в.д директор на Зоолошката градина Скопје

Кристијан Стаменов нов в.д директор на Зоолошката градина Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д. директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.

Стаменов од 2011 година е вработен во Зоолошката градина во Скопје на работна позиција самостоен ЗОО негувател.
Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент.

Покрај Стаменов, Тина Мицковска досега задолжена за односи со јавност на Зоолошката градина во Скопје, од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО.

Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се ревитализирање на сите надворешни живеалишта, изведба на центар за хипорехабилитација на местото на градскиот пајтон, ставање во функција на мултинаменскиот центар со цел едукација на деца од предшколска и школска возраст како и изградба на детски парк.

Зоолошката градина во Скопје во соработка со Град Скопје ќе работи и на поставување на обновливи извори на енергија на сите објекти во зоолошката градина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП