20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден број на туристи во Шпанија

Рекорден број на туристи во Шпанија

spaintourism1

Шпанија која сеуште е во рецесија во јули регистрираше рекордно голем број на странски туристи, бидејќи британските, германските и француските посетители се одлучија за шпанските плажи во време на немирите во Египет и политичката нестабилност во Турција.

Вкупно 7,9 милиони странски туристи во јули допатувале во Шпанија, што е за 2,9 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, се наведува во официјалните податоци.

Најмногу нови туристи допатувале од нордиските земји – Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, како и од Велика Британија и Русија.

Во првите шест месеци од оваа година во Шпанија допатувале рекордни 34 милиони туристи, што е за 3,9 проценти повеќе од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АФП.

Домашниот и меѓународниот туризам сочинуваат околу 11 проценти од шпанската економија, која е четврта најголема економија во еврозоната.

Шпанската економија константно слабее веќе две години, а стапката на невработеност достигна 26,26 проценти во вториот квартал од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП