16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОфицијален почеток на CEFTA Week 2021

Официјален почеток на CEFTA Week 2021

Денеска во Скопје започнува CEFTA Week 2021. Годишниот настан е одлична можност да се сумираат резултатите и достигнувањата од едногодишното претседавање со ЦЕФТА кое во текот на 2021 година го имаше Северна Македонија.

Скопје во следните четири дена ќе биде домаќин на високи функционери од ЦЕФТА страните, деловни претставници, дипломати и претставници на ЕУ и други меѓународни организации. Помеѓу говорниците на CEFTA Week 2021 конференцијата 15 YEARS MAKING TRADE HAPPEN во четврток на 16 декември 2021 година се: г. Крешник Бектеши, министер за економија, Северна Македонија, г. Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, г. Марко Чадеж, претседател на Управниот одбор на WB6 CIF, г-ѓа Мајлинда Брегу, генерален секретар на RCC, г-дин Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА.

CEFTA Week 2021 ќе започне со официјални состаноци на телата на ЦЕФТА и неколку работилници, организирани во соработка со партнерите од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија, УСАИД Северна Македонија и Инвестицискиот форум 6 на Западен Балкан и со поддршка на Европската комисија. Настаните ќе бидат посветени на теми поврзани со трговијата кои произлегуваат од Акциониот план за заеднички регионален пазар, како што се е-трговија, признавање на сертификати и процедури, квалификации, лиценци, права на интелектуална сопственост.

Почетокот на CEFTA Week 2021 ќе го означи со јавниот онлајн вебинар кој ќе се одржи денеска во 12 часот за да се претстави SEED+ системот како надградба на актуелниот функционален Систем за електронска размена на податоци кој успешно ги поврзува царинските управи во ЦЕФТА и ќе биде проширен на останатите агенции . Учесниците исто така ќе добијат можност да се запознаат со базите на податоци на ЦЕФТА, вклучително и статистика за Зелените коридори/Зелените ленти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП