8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата „Kia Sportage“ предизвика „бура“ на домашниот пазар (ФОТО/ВИДЕО)

Новата „Kia Sportage“ предизвика „бура“ на домашниот пазар (ФОТО/ВИДЕО)

Новата генерација на „Kia Sportage“ се појави на пазарот во Јужна Кореја ова лето и веќе успеа да предизвика огромен интерес кај купувачите, се пофали производителот.

Според компанија, во ноември од овој модел се продадени 7.540 примероци, што е за 77% повеќе отколку во октомври.

Севкупно, побарувачката за новиот кросовер е за 355% поголема од интересот за четвртата генерација кога се појави на пазарот. Ова му овозможи на новиот „Spotage“ да го преземе водството во домашната продажба, пред „Hyundai Tucson“, чиј обем на продажба не е наведен.

Во Топ 10 најпродавани автомобили на пазарот во Јужна Кореја следат и други модели од локални производители – „Hyundai Grandeur“ (6.764 единици во ноември), „Hyundai Avante/Elantra“ (4.947 единици), „Hyundai Sonata“ (4.845 единици), „Palisade“ (4.448 единици), „Kia Sorento“ (4.447), „Genesis G80“ (4.263) и „Kia K8“ (4.128).

На домашниот пазар, новиот „Kia Sportage“ е достапен со избор од два мотори – 1,6-литарски турбо бензинец со 180 ks, кој е комбиниран со 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински преселективен автоматски, како и 2.0-литарски турбодизел со 186 ks кој работи со 8-брзински автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП