„Непознат сторител“ платил 450.000 долари за да му биде виртуелен сосед на познатиот рапер Снуп Дог.
Некој решил да плати толку пари во метаверзумот, само за да биде виртуелно до Снуп Дог.
Познатиот рапер започна свој метаверзум во соработка со компанијата The Sandbox, а виртуелното земјиште до виртуелната куќа во која живее виртуелната верзија на Снуп Дог е продадено за 450.000 долари.
Земјиштето беше продадено користејќи NFT (незаменливи токени) кои им овозможуваат на корисниците да ја потврдат сопственоста на дигиталните средства.
Наречени Sandbox LAND NFT, предметите може да се продаваат и купат на повеќето NFT платформи.