27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританските банки „ги тресе“ нова афера

Британските банки „ги тресе“ нова афера

britanskibanki1

Британските банки се во центарот на нов скандал, откако властите во Велика Британија соопштија дека ќе мора да платат казна од 1,5 милијарди евра.

Британските проблематични банки се соочуваат со казна од 1,3 милијарди фунти (1,5 милијарди евра), на име на компензации за милиони клиенти на кои им е продадено осигурување за кредитни картички и полиси за заштита на идентитетот.

Сопствениците на кредитните картички се принудени да платат од 30 до 80 фунти годишно за осигурување, наведува британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA), пренесува агенцијата Франс прес.

„FCA“ наведува дека договорила пакет компензации со издавачите на полиси „CPP“, како и со 13 банки и компании за картички.

Седум милиони клиенти, кои купиле или обновиле околу 23 милиони полиси, наскоро ќе добијат писмо од „CPP“ со повеќе информации за процесот.

Вкупните исплатени средства би можеле да достигнат 1,3 милијарди фунти, во зависност од видот на осигурувањето и времетраењето, додаваат од „FCA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП