ПочетнаАВТОБИЗКрај на патувањето за „Renault Talisman“

Крај на патувањето за „Renault Talisman“

Со доаѓањето на Лука де Мео на чело на групацијата „Renault“ и објавувањето на новата стратегија за марките на групацијата пред околу една година, стана јасно дека гамата на француската марка ќе претрпи многу промени.

Некои модели ќе бидат укинати, од кои првиот е веќе познат, според интернет форумот „Worldscoop“.

Според информациите од идниот февруари, „Renault“ ќе го прекине производството на „Talisman“, кој на производната лента остана 7 години. Верзиите со бензински мотори „TCe“ и рачни менувачи ќе бидат прекинати до крајот на овој месец, а потоа и оние со автоматски менувачи.

Последни од производната лента ќе излезат дизелите „dCI“ со 160 и 190 ks, а тоа ќе се случи во текот на неделата од 21-ви до 28-ми февруари.

Како и многу други автомобили, „Talisman“ на крајот страдаше од популарноста на „SUV“ моделите што ги претпочитаа клиентите. И самиот седан имаше одредени проблеми, од кои некои беа поправени при „освежувањето“ во текот на минатата година. Згора на тоа, тој никогаш не доби хибриден погон, кој го претпочитаат многу компании за службени автомобили.

„Renault Talisman“ нема да има директна замена, бидејќи француската марка претпочита да се фокусира на лансирање на нови модели, почнувајќи од „Mégane E-Tech“. По него ќе следи кросоверот „Austral“ – директен наследник на „Kadjar“, кој ќе биде претставен следната пролет.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП