25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИгнорантскиот однос на политичарите ќе ги извади работниците на масовен протест!

Игнорантскиот однос на политичарите ќе ги извади работниците на масовен протест!

Утре работниците излегуваат на протест. Организирани ќе бидат од Сојузот на синдикати на Македонија. Целта според синдикалците е заштита на економските и социјалните права на своите членови и на сите работници од Македонија. Симболично протестот почнува во 12 часот и 12 минути, бидејќи ќе се одржи на 12 декември. Синдикатот пред извесен период даде предупредување дека доколку не се донесат во брзо време закони кои се од суштинско значење за работниците, ќе се мобилизираат и на улица ќе го истакнат своето незадоволство.

Тешката економска состојба на работникот и како што велат синдикалците, глувоста на власта за исполнување на барањата околу носење на дел важни закони кои треба да ги подобрат условите на вработените се доволни причини за да протестираат во главниот град. Ова се барањата кои ги истакнаа од ССМ, и сега очекуваат брзо реализирање во спротивно протестите ќе бидат во континуитет:

– Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог .

– Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата ,односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

-Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.

-Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Според планот, протестот започнува пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, а учесниците ќе се движат од зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија кон Собранието каде што ќе бидат упатени барањата на работниците, а потоа ќе продолжи кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.

Доколку повторно властите не ги реализираат барањата на синдикалците ќе биде организиран генерален штрајк со кој предупредуваат дека ќе продолжи преку изразување на разни форми  на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор. Синдикалците ги повикуваат сите работници и незадоволни граѓани како пензионери, стечајни работници, невработени, студенти, да им се придружат и да  дадат поддршка, односно безрезервно да  се приклучат во сите активности.

„Политичарите не изигруваат со законското решение за работни односи и недела неработен ден. Со недела неработен ден 92 отсто од работниците одмараат, а осум отсто од работниците каде што неможе да биде прекинат процесот на работа треба да добиваат 50 отсто зголемена дневница за работа во недела. Со ова однесување на пратениците губат и вработените во моловите, на кои со законот им се овозможува да работат само една смена или од 10 до 18 часот и за тоа да добијат зголемена дневница за 100 насто. Исто така беше ветено дека од буџетот на државата требаше да одат три отсто за изгреадба на нови градинки за нашите деца. Ете и тоа не се случува“, вели за Денар Дарко Димовски претседател на ССМ.

Синдикалците тврдат дека работничките права дополнително се кршат во овие последни две години, за време на пандемијата. Освен откази од работа, работниците се сочуваат со разни притисоци, намалување на плати и прекувремена работа за која работниците не добиваат плус дневница.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП