ЕКОНОМИЈА

Невработеноста во Хрватска на најниско ниво од септември минатата година

hrvatskanevraboteni1

Стапката на регистрираните невработени лица во Хрватска во јули се намали од 18,6 проценти на 18,5 проценти, што е нејзиното најниско ниво од септември минатата година, покажуваат денес објавените податоци од Дражавниот Завод за статистика.

Иако со побавно темпо од минатите месеци, тоа е веќе петти пат како стапката на невработеност се намалува, што во голема мера се случува благодарение на сезонските вработувања во туризмот. Стапката во моментов е намалена на најниското измерено ниво од септември минатата година кога изнесуваше 18,3 проценти.

Сепак, на годишно ниво стапката на регистрирани невработени лица е зголемена за еден процентен поен.

Таа во јули минатата година, всушност, изнесуваше 17,5 проценти.

Според податоците на хрватскиот Завод за вработување, на крајот на јули биле регистрирани 31,246 невработени, што е за 0,6 проценти или 1,864 лица помалку во споредба со претходниот месец.