29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНазад во канцеларија: Европејците гласаа против

Назад во канцеларија: Европејците гласаа против

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата, со работно време од 9 до 17 часот, покажува новата анкета.

Повеќе од половина од анкетираните велат дека се попродуктивни додека работат од дома.

Сепак, „хибридната работа“ – мешавина од работа од дома и канцеларија – исто така има свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта, покажува истражувањето нарачано од „Samsung Electronics“ и „Future Laboratories“.

Истражувањето опфати 14.000 луѓе ширум Европа и покажа дека 83 отсто од вработените бараат поголема поддршка од работодавците за да се балансира работата и приватниот живот.

Според податоците на Евростат, во 2020-та година, околу 12 отсто од вработените во Европската унија работеле од дома, за разлика од 5 отсто од нив пред пандемијата.

„Работодавците сега мора внимателно да размислат како ќе одговорат на предизвиците на модерниот хибриден живот“, рече Бенџамин Браун, потпретседател на „Samsung“ за Европа.

Две третини од Европејците рекоа дека направиле – или планираат да направат корекции во домот за да го олеснат хибридниот живот и, на пример, поставиле домашни канцеларии, додека 41 отсто одлучиле да се преселат.

Исто така, 51 процент од испитаниците се изјасниле дека технологијата, односно алармите и различните апликации им го олеснува поставувањето на границите меѓу работата и приватниот живот.

„Технологијата веројатно ќе го следи нашето ментално здравје и среќа, како и физичкото здравје, а паметните уреди ќе станат наши асистенти“, рече Мајк Викинг, извршен директор на данскиот институт за истражување на среќата, кој работи со „Samsung“ на идната работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП