26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталија го казни „Amazon“ со сериозни 1,13 милијарди евра

Италија го казни „Amazon“ со сериозни 1,13 милијарди евра

Италијанската управа за конкуренција (AGCM) изрече казна од 1,128 милијарди евра на европските и италијанските филијали на американскиот гигант за е-малопродажба „Amazon Inc.“ поради наводна злоупотреба на доминацијата на пазарот.

Според властите во Италија, американската компанија на тој начин го прекршила членот 102 од Договорот за функционирање на Европската унија, објави „Bloomberg“.

„Amazon“ им наштети на конкурентите во логистичката услуга за е-трговија, според „AGCM“.

„Amazon“ има доминантна позиција на италијанскиот пазар за посреднички пазарни услуги, кои компанијата ги користи за да го наметне усвојувањето на сопствената логистичка услуга – „Fulfillment by Amazon“ (FBA) – од продавачи активни на „Amazon.it“ на штета на понудените логистички услуги од конкурентските оператори, како и да ја зајакне сопствената доминантна позиција“, додаде италијанскиот антимонополски регулатор.

Според „AGCM“, „Amazon“ им дава предност на некои од своите клиенти во однос на третите продавачи врз основа на нивното учество во програмата за придобивки на компанијата. Ова им даде поголема видливост или можеа да ги понудат своите производи со ознаката „Amazon Prime“. И ова, според телото, е клучно за успехот на продажбата на „Amazon.it“.

Според органот за конкуренција, „Amazon“ исто така применува построга контрола на квалитетот на трговците на мало кои не ја користат услугата „FBA“ отколку на другите. И ова може да доведе до блокирање на сметката.

„Казната од повеќе од 1 милијарда евра го одразува степенот и времетраењето на злоупотребата на пазарот, како и големината на „Amazon““, соопшти „AGCM“.

За да се избегне ова во иднина, италијанскиот регулатор ќе наметне корективни чекори на „Amazon“, кои ќе бидат разгледани од контролен механизам. Компанијата ќе треба да се погрижи секој продавач, без разлика дали користи логистика за испорака на групата или не, да има пристап до истите привилегии и да е видлив како и другите.

Во оваа фаза, „Amazon“ нема моментален коментар за одлуката, пренесува „Reuters“.

Во последниве години, американската компанија беше под лупа поради огромниот опсег на податоци што ги собира за голем број клиенти и партнери, вклучително и независни трговци на мало што продаваат на нејзиниот малопродажен пазар, корисници на дигиталениот асистент „Alexa“ и купувачи чија историја на прелистување и купувања обезбедуваат информации за што им покажува „Amazon“ на својата веб-страница.

Во јули, Комисијата за заштита на лични податоци во Луксембург, каде што е седиштето на „Amazon“ во ЕУ, изрече рекордна казна од 746 милиони евра за обработка на лични податоци што ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR). Во Германија се во тек бројни антимонополски инспекции на продажбата на „Amazon“. Обединетото Кралство исто така се занимава со прашања слични на оние во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП