18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Лондон – Во европските одделенија на водечките светски инвестициски банки, како што се Номура, Сити груп и Бенк оф Америка, се примаат нови работници. Како што пренесува Фајненшел тајмс, побарувачката за работници е најголема од 2010 година и зборува за активности на банките кои бараат консултанти, трговци и останат персонал. Последните години инвестициските банки вработуваа само работници за поддршка, посебно во секторот за информатичка технологија и сектори за жалби.

Сингапур – Азиската развојна банка АДБ, на државите на тој континент порача дека никако не треба да се прескокне процесот на индустријализација. Азиските земји гладни за стопански раст, кои ја прескокнаа индустријализацијата и од земјоделие скокнаа директно во услужниот сектор, можат да паднат во стапица на скромни приходи, предупреди АДБ. Главниот економист на АДБ Чангјонг Ри наведе дека азиските стопанства со ниски плати треба да се насочат кон преработувачкиот сектор, кои би довел до поквалитетен услужен сектор и земјоделско производство.

Франкфурт – Членот на извршниот одбор на ЕЦБ и гувернер на Бундесбанка, Јенз Вајдман предупреди на опасноста од шпекулацијата за излез на некои земји од еврозоната. – Тоа што ме чуди е колку избрзано луѓето го наведуваат ова сценарио – рече Вајдман за германскиот весник Капитал. Излезот од еврозоната би имал сериозни последици за земјите кои би излегле, како и за сите други, предупреди шефот на германската централна банка.

Љубљана – Според податоците на Евростат, словенечкото градежништво во јуни оваа година оствари раст од 10,5 отсто, најголем меѓу сите држави во ЕУ. Обемот на градежните работи во еврозоната во јуни е зголемен за 0,7 отсто, а во цела Европска унија за 0,8 отсто. Освен во Словенија, градежните работи најсилно растеле во Полска 5,3 отсто и во Германија 1,6 отсто. Најголем пад бележи Романија, каде градежните активности се намалени за 2,4 отсто.

Франкфурт – Германските власти соопштија дека не гледаат пречки за планот на британски Водафон да го преземе најголемиот германски кабловски оператор Кабел Дојчланд. Барањето сега ќе биде проследено до европските органи за контрола на конкуренцијата, рече претседателот на германската антимонополска агенција Андреас Мундт за Франкфуртер алгемајне цајтунг. Кабел дојчланд е водечки кабловски оператор во Германија и пружа услуги за телевизија, телефонија и интернет за околу 8,5 милиони домаќинства во 13 до 16 германски покраини. Водафон во јуни понуди 7,7 милијарди евра за германската фирма, со желба да го прошири своето присуство во Европа.

Лондон – Велика Британија во првата половина оваа година го зголеми извозот на злато за околу 10 пати, бидејќи инвеститорите продаваат златни шипки од лондонските сефови на азиски купувачи. Испораките на злато од Велика Британија и Швајцарија, која е центар на трговија на компании кои преработуваат злато, скокнаа на 798 тони во периодот од јануари до јуни, од 83 тони во истиот период лани, пишува Фајненшел тајмс.

Амстердам – Холандскиот производител на пивото Хајнекен во првата половина оваа година забележа пад на профитот од 17 отсто. Профитот на третиот по големина производител на пиво во светот бил 639 милиони евра, за разлика од лани кога во првите шест месеци е забележан профит од 766 милиони евра.

Вашингтон, Париз – Американскиот ланец на продавници за електроника Бест бај, објави дека неговите резултати во вториот квартал биле подобри од очекуваните, благодарение на намалените трошоци. Како што пренесе францускиот весник Капитал, оваа мултинационална компанија, покрај значајните заштеди од 65 милиони долари на годишно ниво во второто тромесечје кое заврши кон крајот на јули, остварила нето профит од 266 милиони долари, додека во истиот период лани профитот изнесувал само 12 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП