26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen Bank International оствари 60,5 % помала добивка

Raiffeisen Bank International оствари 60,5 % помала добивка

raiff1

„Raiffeisen Bank International – RBI“ во првата половина од оваа година остварила консолидирана добивка од 277 милиони евра, што е за 60,5 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, објави денес австриската банка.

Нето приходи од каматите во првите шест месеци од оваа година се зголемија за 4,2 проценти, на 1,836 милијарди евра, така што нето каматната маржа е зголемена за 42 базни поени на годишно ниво, достигнувајќи 3,06 проценти. Истовремено нето добивката од провизиите е зголемена за 9 проценти, на 785 милиони евра.

Оперативната добивка на „RBI“ во тој период се зголемила за 2,7 проценти, на 2,686 милијарди евра. Истовремено добивката пред оданочување била за 49,6 проценти помала, што е последица на еднократниот ефект, односно еднократниот приход во првата половина од минатата година, таа изнесувала 467 милиони eвра.

Од „RBI“ објавија дека проценуваат дека и оваа година ќе мора да издвојат резервации во сличен износ како и во 2012 година, тие потенцираа дека зголемувањето на капиталот е опција која зависи од условите на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП