24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе е важно колку ќе заработите, туку како трошите

Не е важно колку ќе заработите, туку како трошите

Дали би биле посреќни и поисполнети да добиете зголемување на платата за 50 или дури 100 отсто? Дали тоа би ве направило среќен, на ден пет или десет, или би сте имале чувство на поисполнет живот?

Можеби сега климање со главата како знак за потврда, но психолошкото истражување кое се спроведува со години и се занимава со поврзаноста помеѓу зголемувањето на приходите и чувството на среќа, кажува нешто друго.

Меѓу другите, психологот Гордон Браун и економистот Џон Гутергуд се посомневаа во сите овие докази и претпоставки дека зголемената плата води до сигурно чувство на исполнетост и среќа. Тие во своето истражување ја вовеле потрошувачката, поточно моделите на потрошувачка и барале врска помеѓу начинот на кој се трошат парите и чувството на задоволство и среќа.

До какви заклучоци дојдоа Браун и Гутергуд?

Промените во потрошувачката, а не приходот, влијаат на промените во задоволството од животот. Трошењето пари на хоби, одмори или облека всушност има најсилен ефект.

На овие резултати може да се додадат резултатите од истражувањето на Кембриџ од пред пет години, кое покажало дека сте посреќни доколку трошите на вашите интереси, производи и активности кои се во склад со вашата личност. Разбирливо, ништо ново, но она што изненади е дека ќе бидете поисполнети и посреќни ако заработените пари ги потрошите на нешто искуствено (театар, патување, вежбање), наместо на парче мебел или облека. И, уште поважно, ќе бидете посреќни ако платата што ја имате ја потрошите на вашите интереси, отколку ако вашата постоечка плата се удвои, а ја потрошите на електроника, чевли или мебел, пренесува Bonitet.com.

А што ако го споредиме побогатиот слој на населението и неговото искуствено трошење и помалку богатите луѓе и нивните пари кои ги трошат на исти работи?

Богатите се декларирале посреќни купувајќи „искуства“ во споредба со купување материјални работи. А, луѓето со пониски примања пријавиле исто толку или уште повеќе среќа и чувство на задоволство кога ги трошат парите што ги заработуваат на кино, дружење или патување. Затоа, висината на платата не е виновна за вашето чувство на незадоволство. Барем кога се работи за просечни и повисоки вредности. Зголемувањето на платата нема да ви гарантира чувство на среќа. Она што го правите со парите кои ги заработувате е всушност клучот и игра поголема улога во вашиот живот, секојдневието и целокупно кога сето тоа ќе го соберете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП