5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Словенија планира големо намалување на буџетските трошоци

Владата на Словенија планира големо намалување на буџетските трошоци

bratushek1

Словенечката влада планира големо намалување на буџетските трошоци во следните две години, со цел буџетскиот дефицит во 2014 година да се намали на три проценти, а во 2015 година на 2,5 проценти од БДП, што е многу тешка цел со оглед на податоците за состојбата на државниот буџет.

Иако буџетските трошоци во јули беа значително намалени, за првите седум месеци тие беа за 1,3 милијарди евра повисоки од приходите, а неодамнешниот ребаланс на буџетот предвидува дефицит од 1,5 милијарди евра како цел за крајот на годината.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, можат да се очекуваат и нови мерки за штедење и намалување на буџетската потрошувачка бидејќи со предлог-буџетот за 2014 година владата сака да го намали дефицитот на 3 проценти, а во 2015 година на 2,5 проценти од БДП. За да се постигне таа цел, буџетските трошоци од 9,6 милијарди, колку што се пресметани за оваа година, за две години би требало да се намалат на помалку од 8 милијарди.

Владата на премиерката Аленка Братушек, документите за буџетот за наредните две години ги постави како свој приоритет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП