27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по...

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата од 9 до 17 часот, а повеќе од половина од анкетираните велат дека се попродуктивни додека работат од дома, покажуваaт најнови истражувања.

Според нив „хибридната работа“, мешавина од работа од дома и канцеларија има и свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта.

Со прашалникот биле опфатени 14.000 луѓе ширум Европа.

Според Евростат, во 2020 година, околу 12 отсто од вработените во Европската Унија работеле од дома, во споредба со 5 отсто од нив пред пандемијата.

„Работодавците сега мора внимателно да размислат како ќе одговорат на предизвиците на модерниот хибриден живот“, вели потпретседателот на „Самсунг“, Бенџамин Браун.

Две третини од Европејците изјавиле дека направиле или планираат да направат адаптации во домот за да го олеснат хибридниот живот и дека на пример, уредиле домашни канцеларии, додека 41 процент одлучиле да се преселат.

Исто така, 51 процент од испитаниците се изјасниле дека технологијата, односно алармите и разните апликации им олеснуваат да поставуваат граници меѓу работата и приватниот живот.

„Технологијата веројатно ќе го следи нашето ментално здравје и среќа, како и физичкото здравје, а паметните уреди ќе станат наши асистенти“, рече Меик Викинг, извршен директор на данскиот институт за истражување на среќата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП