4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете посимпатични и повлијателни?

Како да бидете посимпатични и повлијателни?

posimpatichni1

Знаете како се вели, „спротивностите се привлекуваат а сличностите уште повеќе“. Епа, тајната на симпатичноста и влијателноста лежи во сличноста.

Симпатичноста и влијанието не се особини кои можете да ги прочитате во прирачниците. Исто така, ќе забележите дека кај некој луѓе имате повеќе влијание, а кај други ни малку. Додека на некои луѓе сте им многу симпатични, на другите им оставате потполно неутрален впечаток. Еве зошто и од што зависи тоа.

Дали сте знаеле?

*Повеќе ќе ги симпатизирате имињата кои се слични на вашето име. Преферирате брендови кои имаат исти иницијали како и вие. Родендените полесно ви е да ги запаметите кога се поблиску до вашиот роденден. Дури повеќе ги симпатизирате луѓето кои се движат како вас.

*Кога ќе му дадете на некој до знаење дека имате нешто слично, поголема е шансата таа личност да ви помогне. На пример, некои продавачи намерно глумат некоја сличност со купувачите за полесно да се поврзат. И тоа пали!

*Луѓето повеќе ве симпатизираат и пољубезни се кон вас кога дискретно ја копирате нивната мимика. Мимиката осигурува подобра преговарачка позиција.

*Преговорите ќе се движат во посакуваниот правец ако внимателно го слушате соговорникот и своето излагање го започнете со информацијата со која вашиот соговорник го завршил своето излегување.

*Спротивностите по правило не се привлекуваат. Поголема е шансата да ве привлече некој сличен на вас и дека со таквата личност ќе имате среќен брак, поцврсто пријателство и слично. Барате пријатели меѓу луѓето кои се слични на вас. Истото важи и за емотивните односи: иако на прв поглед се чини дека спротивностите убаво се „надополнуваат“, сличностите се тие кои траат. Се разбира, исклучоците го потврдуваат правилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП