Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Согласно сите проекции, зголемување над 10% нема да има, се отфрлаат сите анализи, сите видувања и од експерти во областа на енергетиката и од политички партии, дека зголемувањето ќе биде 30, 40 па и 50%. Вистина е дека енергетските компании побараа поголемо покачување дури и до 100%, но ние како одговорна влада, како економски тим, имавме неколку состаноци и најдовме начин, се со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните со што цената нема да се зголемува над 10%.“ изјави министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на ски центарот Попова Шапка.

