8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајвлијателните жени во светот за 2021-ва година

Највлијателните жени во светот за 2021-ва година

Ангела Меркел за прв пат од 2010-та година не се најде на врвот на листата на магазинот „Forbes“ за највлијателни жени во светот. Ова е трет пат од 2004-та година, пишува весникот.

Поранешната германска канцеларка оваа година не е ниту меѓу 100-те највлијателни жени во светот.

Водечката позиција во 2021-ва година ја има Мекензи Скот, која до неодамна беше во брак со основачот на „Amazon“, Џеф Безос.

Таа моментално е третата најбогата жена во светот откако доби 25% од уделот на Безос по нивниот развод. Скот донираше 5,8 милијарди долари во 2020-та година на 500 непрофитни организации и уште 2,74 милијарди долари во 2021-ва година на уште 286 организации.

На второ место е американската потпретседателка Камала Харис, а зад неа е Кристин Лагард, која моментално е гувернер на Европската централна банка, а претходно беше на чело на Меѓународниот монетарен фонд.

Мери Бара, претседателот и извршен директор на „GM“, е на четвртото место, оставајќи ја зад себе поранешната сопруга на Бил Гејтс, Мелинда.

Шестата позиција во рангирањето ја зазема Абигејл Џонсон, претседател и извршен директор на „Fidelity Investments“, а по неа е директорката на шпанската банка „Santander“, Патриша Ботин.

Меѓу првите 10 највлијателни жени во светот се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, тајванската претседателка Цаи Ингвен и Џули Свит, извршен директор на „Accenture“.

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева е 22-ра на листата, оставајќи ги зад себе Опра Винфри, поранешната сопруга на Стив Џобс, Лорен и британската кралица Елизабета Втора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП