26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧај од бреза - сојузник во борбата против менструалните болки

Чај од бреза – сојузник во борбата против менструалните болки

Чајот од бреза делува благо и не ги надразнува бубрезите, а помага при воспалителни процеси на уринарниот состав.

Бидејќи го отстранува вишокот вода од телото се препорачува и во ПМС и во третманите за чистење на телото…

Брезата (Betula pendula) е нежно и елегантно, можеби најпознато стебло во градските дворови и паркови. Потекнува уште од леденото доба, а Келтите од него изработувале колевки за децата да ги заштитат од зли сили.

Во Германија претставувало дрво на животот околу кое танцувале заљубените, а Велшаните го сметале за дрво на љубовта под кое и денеска се состануваат заљубените.

Придобивките од чајот од бреза

Се смета за еден од најдобрите диуретици бидејќи има благо делување и не ги надразнува бубрезите, помага во лекувањето на воспалителните процеси на уринарниот состав, проблеми со бубрезите.

Го отстранува вишокот течности од телото па консумацијата на овој час се препорачува во време на ПМС (5 до 7 дена пред менструација). Исто така, овој чај го подобрува и исфрлувањето на штетните материи од организмот и помага при отстранувањето на целулитот.

Начин на подготовка: Една лажица листови од бреза прелијте ги со 2,5 дл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 15 минути. Потоа, процедете го чајот и тој е подготвен за консумирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП