26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШок пред празниците: Директор навредувал 900 работници, а потоа следело најлошото

Шок пред празниците: Директор навредувал 900 работници, а потоа следело најлошото

Освен што се работи за голем број работници кои останале без работа непосредно пред празниците, целата оваа ситуација е особено интересна и поради начинот на кој овој директор ги подели отказите.

Имено, Гарг на вебинар на Зум ги известил своите вработени дека се отпуштени.

-Ако сте на овој повик, вие сте дел од несреќна група која е отпуштена – рекол Гарг, пренесува CNN Business. Тој, исто така, им кажал на работниците дека нивниот работен однос завршува тука и додал дека може да очекуваат е-пошта за бенефиции и отпремнини.

Вработени ги обвинил дека краделе и работеле само 2 часа дневно

„Потребата за отпуштања е мачна, особено во овој период од годината“, изјави финансискиот директор Кевин Рајан за американските медиуми, додавајќи дека „билансот и намалената и насочена работна сила ги принудило да го нападнат радикално растечкиот пазар за сопствеништво на домови“.

Гарг ги наведе ефикасноста, перформансите и продуктивноста како причини за отпуштање на работниците. Fortune подоцна објави дека Гарг ги обвинил вработените дека „крадат“ од нивните колеги и клиенти бидејќи се непродуктивни и работат само два часа на ден.

-Ова е втор пат во кариерата да го правам ова и не сакам да го правам. Последен пат кога го направив тоа, плачев“, рече Гарг.

Гарг и претходно бил вклучен во контроверзии, а доказ за тоа е мејлот што тој го испратил до персоналот, а кој Форбс го добил и во кој се наведува дека тие се „проклето бавни“ и ги нарекува „глупави делфини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП