27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните телефонски можат да пријават неправилности со цените на прехранбените производи

Граѓаните телефонски можат да пријават неправилности со цените на прехранбените производи

Ги повикувам граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да пријават на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

На бесплатната телефонска линија, како што појаснува во напишаното на Фејсбук статусот, сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи информира Бектеши.

Како што истакнува министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и мало на: лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.

Оваа одлука, ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП