26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mazda“ го претстави својот прв хибрид, пристигнува во 2022-ра (ФОТО)

„Mazda“ го претстави својот прв хибрид, пристигнува во 2022-ра (ФОТО)

Веќе беше познато дека „Mazda“ ја подготвува својата верзија на „Toyota Yaris Hybrid“, а прототипови на моделот беа видени неколку пати при тестовите. Сега автомобилот е официјално прикажан, а крајниот резултат е идентичен со „Yaris“, освен натписите и амблемите.

Истото важи и за внатрешноста на субкомпактниот модел, каде единствената разлика со „Yaris“ е логото на „Mazda“ на воланот и натписот „Mazda2“ на патосниците. Моделот е базиран на платформата „TNGA-B“ со должина од 3.940 mm и растојание помеѓу двете оски од 2.550 mm.

Возењето се врши со хибридната единица на „Toyota“, која развива вкупна моќност од 114 ks и 169 Nm вртежен момент. Системот вклучува атмосферски 3-цилиндричен мотор со волумен од 1,4 литри, кој произведува 91 ks и електромотор од 79 ks кој е поврзан со предните тркала. Има и втор електричен мотор за палење на моторот и полнење на литиум-јонската батерија.

Вториот се полни со регенерирање на енергија за време на забавувањето и од бензинскиот мотор, што му овозможува на автомобилот да работи во електрични режими долги временски периоди.

Хибридната „Mazda2“ забрзува од 0 до 100 km/h за 9,7 секунди, а компанијата укажува на комбинирана потрошувачка на гориво од 4 l/100 km. Емисиите на „CO2“ се помеѓу 87 и 93 g/km, во зависност од големината на бандажите – 15 и 16-инчи.

„Mazda2 Hybrid“ ќе биде достапна во три нивоа на опременост, „Pure“, „Agile“ и „Select“. Ова е првиот целосно хибриден модел во палетата на јапонскиот производител за Европа. Има „меки“ хибриди, како и електричниот „MX-30“. Со овој модел, „Mazda“ ќе ја намали просечната корпоративна емисија на „CO2“ за 50%. Целта е компанијата преку вакви модели да ја постигне јаглеродна неутралност до 2050-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП