Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните.
На оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.

