25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку е популарен „Lamborghini Urus“?

Колку е популарен „Lamborghini Urus“?

Пред четири години, „Lamborghini Urus“ ја имаше својата светска премиера. По повод роденденот на суперкросоверот, италијанскиот производител реши да зборува за неговите достигнувања.

Летото, компанијата го прослави производството на 15.000 единици од моделот „Urus“, а досега неговата продажба надмина 16.000 единици, со што „Urus“ стана најпродаваниот модел во историјата на марката. Во исто време, 85% од неговите купувачи се нови клиенти на „Lamborghini“.

Веќе во 2018-та година, благодарение на „Urus“, годишниот промет на производителот се зголеми за 40% – од 1,009 на 1,415 милијарди евра. Една година подоцна, тој достигна рекордни 1,81 милијарди евра, откако компанијата продаде 8.205 примероци од моделот. Во 2020-та година, резултатите паднаа поради коронавирусот, но профитот останува највисок во историјата на брендот.

Од јануари до септември 2021-ва година, „Lamborghini“ испорача возила до 6.902 клиенти, што е зголемување од 23% во однос на истиот период од минатата година. Лавовскиот дел – 4.085 единици, паѓаат на теренското возило.

Благодарение на „Urus“, „Lamborghini“ расте во буквална смисла – поради новиот модел производствената површина е зголемена од 80.000 на 160.000 квадратни метри, а на територијата на фабриката се отворени нови работилници, патека за тестирање и други капацитети. Според тоа, компанијата вработила 700 нови вработени.

Следната фаза е планираното ажурирање на „Lamborghini Urus“, кое се очекува во 2022-ра година. Суперкросоверот ќе добие дизајнерски промени, како и „plug-in“ хибридна верзија со 820 ks. Моќноста на сегашниот V8 мотор ќе биде зголемена од 650 на 675 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП