Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на однесувањето на Полска во ситуацијата со мигрантите на границата, каде, како што тврди, додаваат хербициди во водата која ја пијат мигрантите.
„Треба правилно и внимателно да следите што се случува на границата и што прават властите на соседната земја, во овој случај Република Полска“, посочи тој, пренесе РИА Новости.

