Во релаксирана и убава атмосфера, викендов, на плоштадот Македонија во Скопје се одржа Фестивал на италијанска храна, организиран од Амбасадата на Италија и ITA-Italian Trade Agency, со кој се одбележа 6-тата Недела на италијанската кујна на светот.
Посетителите уживаа во италијанските специјалитети инспирирани од традицијата на регионите Кампаниа, Венето, Лацио, Тоскана и Емилија -Ромања кои специјално за оваа прилика ги подготвија рестораните LA TERRAZZA, TAVERNA TOSCANA, IL MATTO NAPOLETANO, RISTORANTE VENETO, YES PASTA и BOTTEGA DEL GUSTO; се купуваше италијанско кафе, ликери, вина, пиво и специјалитети сo тартуф од увозниците AMBROZIJA BEHA, ITA BRAND EUROLAB и BOTTEGA DEL VINO.
Многу дружење, забава и танцување на звуците на италијанската музика кои одекнуваа на плоштадот Македонија. Со овации и аплаузи беше проследен концертот на баритонот Павле Камилоски, саботата попладне, а забавата продолжи до вечерните часови.
Во неделата на пладне, најсреќните посетители беа извлечени на лотарија и добија вредни награди од спонзорите НЕПТУН, COIN CASA, BOTTEGA DEL VINO, BOTTEGA DEL GUSTO, YES PASTA и EUROLAB, а гостите повторно се забавуваа до доцна попладнето со најпознатите италијански хитови во интерпретација на бендот NYX.

