26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАФаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот за здравствена криза во Белата куќа, д-р Ентони Фаучи, предупредувајќи дека ова се само прелиминарни податоци.

„Јасно е дека омикрон се шири во Јужноафриканската Република“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен, алудирајќи на „вертикалната“ крива што се однесува на бројот на нови случаи на инфекција во таа земја.

„Но, засега, иако е премногу рано да се извлечат какви било цврсти заклучоци, се чини дека омикрон не предизвикува високо ниво на загриженост кога станува збор за болеста. Досега, знаците за сериозноста на болеста се малку охрабрувачки“, повтори тој.

Омикрон е потврден во најмалку 15 американски држави и околу 40 земји откако првпат беше откриен во Јужна Африка.

САД една недела ја затвори границата со оваа земја, но и со уште седум јужноафрикански земји.

Фаучи во неделата рече дека се надева дека забраната ќе биде укината „во разумен рок“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП