19 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер ја скроти „волчицата“ за едно полувреме, Чалханоглу погоди од корнер

Интер ја скроти „волчицата“ за едно полувреме, Чалханоглу погоди од корнер

Избраниците на Симоне Инзаги „фаќаат залет“ во италијанската Серија А. Нова победа во првенството и тоа извојувана во Рим, на „Олимпико“ против Рома со убедливи 3-0. Треба да се спомене дека сите три гола гостите од Милано ги постигнаа во првиот дел, а четата на Жозе Мурињо остана само „спаринг партнер“.

Поседот на топката беше речиси двојно повисок во корист на момците во сина опрема, а посебно болен за „волчицата“ беше првиот од трите гола на Интер.

Хакан Чалханоглу во 15 минута нафрли од корнер, од левата страна, а топката заврши директно во мрежата на Руи Патрисио.

На 2-0 зголеми Џеко во 24 минута, по асистенција на Чалханоглу, додека третиот гол во мрежата на Рома го постигна Холанѓанецот Думфрис во 39 минута.

Во второто полувреме темпото падна, се играше претежно меѓу двата шеснаесетника.

Со денешниот триумф, „Нероазурите“ барем накратко се искачија на втората позиција на табелата со 37 поени, еден помалку од градскиот ривал Милан и на +1 од Наполи кој вечерва ќе игра дуел на домашен терен против незгодниот состав на Аталанта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП