19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПознатиот Ламборгини настана од една навреда на Ферари...

Познатиот Ламборгини настана од една навреда на Ферари…

Феручио Ламборгини отсекогаш бил заинтересиран за автомобилските мотори, па основал мала работилница во која поправал автомобили и моторцикли, каде и од фрлени воени возила правел и по еден трактор месечно.

Со оглед на тоа што бил голем љубител на автомобили, поседувал и неколку спортски автомобили, од кои еден бил Ferrari 250 GT.

Во еден момент имал проблем со квачилото на неговото Ферари и го посетил Енцо Ферари со намера да му укаже за пропустот.

Но, на жалбите на Феручио, од Ферари му одговориле дека не е до автомобилот туку до возачот, и го советувале, наместо со тоа, да се занимава со своите трактори.

Ваквиот одговор не бил само навредлив, туку и претставувал предизвик.

Ламборгини одлучи да направи сопствен автомобил и основал фабрика во која вработил некогашни работници од Ферари.

Задачата беше да се направи луксузен автомобил кој ќе може да забрза до 240 км на час и така настана Lamborghini 350 GT

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП