5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФармацевтска компанија си купила податоци на 42 милиони германци

Фармацевтска компанија си купила податоци на 42 милиони германци

lekovii

Податоците на 42 милиони здравственоосигурани германски пациенти и лекарски рецепти се најдоа во рацете на американска фармацевтска компанија која е лидер во пазарот на истражување на лекови. Ова го откри германското списание „Шпигел“. За секој рецепт компанијата платила по цент и половина.

Ова може да биде најголемиот скандал во здравствениот систем во Германија. Според информациите на списанието, милиони лекари и пациенти се шпионирани од компании за истражување на пазарот.

Во Германија специјални центри за податоци на аптеките пресметуваат која здравствена каса на која аптека какви суми должи од продадени лекови. Но сепак не застануваат само тука, тие со доплата им нудат информации на компании за истражување на пазарите.

Тие пак од своја страна ги обработуваат дополнително, пред да ги продадат на производителите на лекови, кои на тој начин ги следат трендовите на пазарот.

Трговијата со податоци од рецепти беше дозволена додека беше исполнето барањето за енкрипција, анонимизиране на информациите со помош на 64-нумерички код. „Шпигел“ тврди дека предметниот код овозможува лесно да се дојде до броевите на здравственото осигурување на соодветниот пациент, со што се заобиколуваат барањата за анонимност.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП