25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Daimler“ ја претстави новата амбициозна стратегија од повеќе од 60 милијарди евра

„Daimler“ ја претстави новата амбициозна стратегија од повеќе од 60 милијарди евра

Надзорниот одбор на германската автомобилска групација „Daimler AG“ потпиша инвестициски план вреден повеќе од 60 милијарди евра поврзан со нејзиниот бизнис со автомобили и минибуси „Mercedes-Benz“, кој ќе ги покрива активностите на единицата помеѓу 2022-ра и 2026-та година, пишува „Automotive News Europe“.

Компанијата има за цел да биде меѓу лидерите во производството на електрични возила и поврзаниот софтвер, според „Daimler“.

Остануваат на сила актуелните планови, претставени во октомври 2020-та година за намалување на капиталните расходи за 20 отсто во однос на нивоата од 2019-та година до средината на оваа деценија. Новите трошоци ќе се фокусираат на електричната мобилност, дигитализацијата и автономните технологии, соопшти групата.

Зголемувањето на нето профитот на возилата и имплементацијата на моделите за директна продажба се важни елементи во оваа стратегија, велат од групата, додавајќи дека напредокот во технологијата и производството на батерии треба да помогне да се намалат трошоците за целосно електричните возила со текот на времето.

„Нашата цел е технолошко лидерство во сегментот на луксузни автомобили и комбиња од прва класа, а притоа да останеме посветени на нашите амбициозни цели за маржа“, рече извршниот директор на „Daimler“, Ола Калениус.

За да ги потврди овие планови, „Daimler“ инвестира со „Stellantis“ во стартап со цврста состојба, технологија која ветува побрзо полнење, подобро складирање на енергија и зголемена безбедност.

На крајот на октомври, германската групација претстави финансиски извештај во кој профитот ги надмина очекувањата на пазарот и покрај кризата со чипови. Оперативната добивка, приспособена за еднократните ефекти, се зголеми за четири отсто на 3,6 милијарди евра. Поповолната мешавина на производи и високата ценовна стабилност помагаат делумно да се компензираат тешкотиите во снабдувањето со полупроводници и повисоките цени на суровините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП