29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПроблеми за „Apple“ – „iPhone 13“ се помалку се бара, а нема...

Проблеми за „Apple“ – „iPhone 13“ се помалку се бара, а нема ниту делови

„Apple“ им соопшти на своите добавувачи на компоненти за „iPhone 13“ дека повеќе не може да нарачува вообичаен број телефони поради намалената побарувачка.

Компанијата веќе ги намали нарачките на „iPhone“ на 80 милиони во оваа година (од целните 90 милиони), а планираше да го надомести ова во следната година.

Сега се чини дека на производствените партнери на компанијата им е посочена можноста тоа да не се случи, бидејќи може да нема зголемена побарувачка на пазарот.

Како и речиси сите други технолошки компании, „Apple“ се соочува со проблеми предизвикани од глобалниот недостиг на чипови.

Тим Кук, извршниот директор на „Apple“, истакна дека недостигот влијаел на проценетата заработка на компанијата од шест милијарди долари на квартална основа, а на ова се додава и влијанието на пандемијата со Ковид-19.

Според „Bloomberg“, линијата „iPhone 13“ можеби нема да ги исполни првичните очекувања на „Apple“. Првичниот план беше да се произведат 90 милиони модели на „iPhone“ за 2021-ва година, поради зголемената побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП