27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ нема да ги зголемува каматните стапки следната година

ЕЦБ нема да ги зголемува каматните стапки следната година

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави дека изгледите за зголемување на каматните стапки следната година не се веројатни, но рече дека наскоро ќе преземе мерки за да се бори против зголемената инфлација доколку е потребно.

„Кога ќе се исполнат условите и ќе добиеме нови насоки, нема да се двоумиме да реагираме“, рече Лагард во онлајн интервју за Ројтерс.

Нејзината изјава доаѓа само неколку дена откако податоците покажаа дека потрошувачките цени во еврозоната се зголемија за 4,9 отсто во ноември, што е најбрзиот раст откако земјите од Европската унија беа обединети со истата валута, а стапката на инфлација во Германија скокна на шест отсто.

Дополнително, треба да се напомене дека оваа недела претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави дека скокот на инфлацијата повеќе не може да се смета за „моментален”.

Лагард во петокот објасни дека сегашното поскапување е привремено и изјави дека во таа смисла не може да се споредуваат Европската унија и САД. Според неа, растот на инфлацијата најверојатно ќе биде забавен следната година, кога ќе се изгубат последиците од влијанието на пазарните даноци во Германија, кои се случија во 2020 година, и кога ќе ослабне притисокот од високите цени на енергентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП